понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалскиот свет во тага: Почина славниот француски голман

Фудбалскиот свет во тага: Почина славниот француски голман

На 58-годишна возраст почина прославениот француски голман и воедно и репрезентативец на оваа земја, Бруно Мартини.

Тој беше дел од стручниот штаб на Монпеље каде што беше тренер на голманите, а причината за смртта е срцев удар. Истиот му се случил за време на тренинг минатата недела, бил хоспитализиран, а потоа и починал во болница по неколку дена.

Тој во својата играчка кариера најмногу мечеви одигра токму за тимот на Монпеље како и во дресот на Оксер. За Франција бранеше на 31 меч.