Неидентификуван напаѓач зеде 20 луѓе за заложници во експозитура на Банката во Грузија во Тбилиси.
Нападот е извршен во филијала на Банка на Грузија во градот Зугдиди, соопшти полицијата.
Се водат преговори со напаѓачот. Според локални медиуми тој побарал половона милион долари. Напаѓачот е со маска и маскирна униформа. За своето барање, тој им дал два часа на полицијаците да го исполнат, кои веќе изминаа.
Полицијата уште информира дека напаѓачот ослободил една бремена жена.