сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев и Спасовски со масовни казни врз граѓаните го полнат празниот буџет додека расте бројот на невработени

Заев и Спасовски со масовни казни врз граѓаните го полнат празниот буџет додека расте бројот на невработени

Речиси еден месец Министерството за внатрешни работи спроведува акција низ цела Македонија на засилени сообраќајни контроли. Зад официјалниот превез на зголемување на безбедноста во сообраќајот, како што велат извори на Курир, стои полнење на буџетот кој е празен.

Лошото менаџирање од страна на владата предводена од Зоран Заев на економската состојба во земјава резултира со масовни казни и удар по џебот на граѓаните.

Според вчерашната изјава дадена од портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за помалку од еден месец казнети се над 14.000 граѓани за сообраќајни прекршоци.

-Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, изјави вчера Ангеловски.

Извори од полицијата, кои инсистираат на анонимност стравувајќи за своите работни места, велат дека постојано добиваат насоки за тоа каде треба да се спроведуваат контролите и колку треба да биде дневниот таргет на напишани казни. Велат буџетот е во сериозна дупка и треба брзо да се најдат средства.

И додека Заев и Спасовски удираат по џебот на граѓаните, кој и онака е речиси празен, во Агенцијата за вработување на крајот на септември годинава се регистрирани вкупно 151.359 невработени лица.

Според нивната евиденција од почеток на ковид-кризата бројот на лица кои останале без работа е поголем за 43627. Наместо помош и поддршка за граѓаните, владата повторно бркнува во нивните џебови.

Според најновите податоци од МВР, објавени денеска, вчера во Скопје биле казнети 370 граѓани за сообраќајни прекршоци. Во текот на вчерашниот ден, на удар на акцијата „полнење буџет“ се најдоа и 156 граѓани од Кочани и Виница.

Од МВР најавуваат дека и во следниот период продолжуваат со засилени акции на сообраќајните контроли.

Најнови вести