Пејачот Дарко Лазиќ во српската емисија „Премиера викенд“ тврдеше дека ќерката Лорена која ја има од бракот со Ана Севиќ не ја видел година дена, па веднаш се огласи и поранешната негова сопруга.
Српските медиуми пишуваат дека таа по оваа изјава на поранешниот сопруг буквално доживеала шок, а потоа и ја докажала големата лага на Лазиќ.
-Ана толку многу полуди кога ја слушна неговата изјава што мораше и да ја демантира веднаш. Потоа реши да прикачи фотографија од Дарко и Лорена на Инстаграм, открива извор близок до пејачката и водителка.
Инаку Ана на фотографијата напиша дека Дарко бил со Лорена на 17 јули 2020 година на нејзиниот роденден во неговото родно село.
По ова социјалните мрежи беа преплавени и со коментари како ли ќе реагира сегашната сопруга на Дарко откако ќе дознаат дека тој се уште си праќа фотографии со поранешната.