Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку Фејсбук статус објави дека е позитивен на коронавирусот.
– Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, пишува тој.