вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Координирани напади врз ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а со цел покривање на неспособноста на Заев и Владата

Координирани напади врз ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а со цел покривање на неспособноста на Заев и Владата

Македонија овие неколку изминати недели ги бележи најцрните стстистики во борбата против корона вирусот и е лидер по број на заразени и починати како во регионот така и пошироко, но власта и Заев на секој можен начин се обидуваат да го оттргнат вниманието на народот со тоа што преку свои сателити секојдневно и од повеќе страни го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека од координираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ од страна на поранешни функционери на партијата, членови и други приврзаници како Никола Тодоров, Јовица Страшевски, мериот хотелската коалиција и други единствен интерес има само власта и Зоран Заев.

Додека Македонија вчера го забележа најцрниот рекорд со 870 новозаболени и 14 починати лица од корона вирусот, тема на денот беше полноќниот закажан протест на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој што секако и не се одржа, ама ваквите настани и напади имаат една и единствена цел, а тоа е да се отргни вниманието од вистинските проблеми како крахот од корона кризата и крахот на економијата.

Овие оркестрирани напади кои што со денови и години наназад од страна на поранешни функционери на партијата имаат само еден заедничи именител, а тоа е да се нападне Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се сокријат или колку што е можно да се минимизираат неспособноста и катастрофалните политики на Заев кои што Македонија убедливо ја сместија на дното во Европа.

Она што е интересно а вреди и да се напомени, дека овие луѓе во изминатиот период, односно во овие три ипол изминати години додека Заев раководи со државата и покрај видно големиот број на криминални афери, криминали, договорот од Нивици, договорот со Бугарија, изборот на Кацарска за Уставен судија, и ред други скандали, ниту еднаш не излегоа во јавноста да ја искритикуваат власта, туку цело време предмет на напад им беше само ВМРО-ДПМНЕ.

Од тука, секој слободоумен човек лесно може да заклучи дека ваквото однесување на овие луѓе е организирано од еден центар и е само во интерес на Зоран Заев и власта со која тој управува, но за жал на погрешен начин и на штета на Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски при неговото синоќешно гостување во емисија на штипската телевизија „Тв Стар“ откри дека во изминатите три години е предмет на брутални лаги, напади и измислици.

-Некој со лага создал таква перцепција поради тоа што корумпирал икс медиуми во државата да зборуваат против, со лаги, конструкции, измислици и шпекулации. Еден политичар набројте ми, кој што, како што сум бил јас во изминативе три години е напаѓан со се, само не со вистина и политики во овие триесет години. Од политичкиот противник и од внатре. Еден набројте ми, не постои. Но јас ќе се борам и колку е потешка таа битка толку знам дека целта е поисправна. Ќе се борам до крај. Додека можам ќе се борам, и ќе ги совладам на крај, истакна Мицкоски.

Мицкоски меѓ другото истакна дека наместо во овие моменти да зборуваме за 870 новозаболени, за 15 лица кои го загубија животот, за катастрофата во економијата, ние треба да зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полниќни статуси

-Ние денеска наместо да зборуваме за 870 новозаболени, ние наместо денеска да зборуваме за нови 15 лица кои за жал го загубија животот поради неспособноста на Владата, за катастрофата во економијата, за дебаклот во образованието, за земјоделците кои што се буквално на колена и се плашат како ќе ја помината зимата, ние сега зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полниќни статуси и сега наместо за ова зборуваме за тоа. Обичниот граѓанин не го интересира дали ќе има конгрес, обичниот граѓанин го интереси дали неговата работа е стабилна, дали ќе имаме помалку заболени од Ковид, дали ќе имаме помалку починати од Ковид, дали ќе добијат соодветно образование, здравствена нега, дали земјоделецот ќе добие навреме субвенции и откуп. Тоа се суштинските работи, рече Мицкоски.

Најнови вести