понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хан: Политичарите можат да кажат сме постигнале многу, но вистинско постигнување е влез во Унијата

-Не многу често политичарите можат да кажат сме постигнале многу, тоа не е постигнување. Постигнување е, веројатно би значело доколку нашите успеси или барем оној кој ќе следи псоле мене ќе се сретне со вас за да влезете во Унијата, меѓутоа сепак сте вратени на правиот пат и она е тоа што е важно, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Хан: Политичарите можат да кажат сме постигнале многу, но вистинско постигнување е влез во Унијата

– Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.

Сепак, Хан нагласи дека „политичарите можат да кажат сме постигнале многу, но вистинско постигнување е влез во Унијата“

-Не многу често политичарите можат да кажат сме постигнале многу, тоа не е постигнување. Постигнување е, веројатно би значело доколку нашите успеси или барем оној кој ќе следи псоле мене ќе се сретне со вас за да влезете во Унијата, меѓутоа сепак сте вратени на правиот пат и она е тоа што е важно, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Тој додаде дека земјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат.

-Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува, вели Хан.

Порача дека реформите не треба да застанат тука туку да продолжат, особено во судството.

Најнови вести