недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија нема да почнат утре и ќе траат долго

Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија нема да почнат утре и ќе траат долго

Одлуката на Европската комисија да предложи Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за приклучување кон ЕУ, не значи дека овие преговори ќе почнат уште утре, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во Европскиот Парламент во Стразбур.

– Прво, неопходно е одобрението од Европскиот совет, односно во следните шест месеци ќе го дознаеме ставот и на Советот на ЕУ, додаде Јункер.

Појасни дека нема рок за завршување на преговорите, ќе бидат оценувани постигнувањата на соодветните земји.

-Земјите од Западен Балкан имаат потреба од европска перспектива за да не се повторат настаните од 90-те години на минатиот век. Ги повикувам овие земји да го одбележат неопходниот напредок, овој процес ќе одземе многу време, дополни претседателот на ЕК.

МИА

Најнови вести