Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го осуди терористичкиот напад во Виена истакнувајќи дека е „ужаснат од терористичките напади во Авганистан и Австрија“.
– Потсетување дека тероризмот влијае на сите и важноста од продолжување на борбата против ИСИС, напиша Столтенберг на Твитер и изрази сочувство до сите засегнати.
Во синоќешниот терористички напад во Виена загинаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава, кој беше убиен од страна на полицијата. Во нападот се повредени 17 луѓе.