среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман за зборовите на Сетиен за Меси: Не се согласувам, Лео е лидер, секој ден ги гледам неговите амбиции

Куман за зборовите на Сетиен за Меси: Не се согласувам, Лео е лидер, секој ден ги гледам неговите амбиции

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги коментираше неодамнешните зборови на поранешниот тренер на каталонскиот клуб, Кике Сетиен за капитенот Лионел Меси.

Сетиен има кажано дека Меси е „тежок за работа“, а исто така рече дека Аргентинецот „го терал да види што сака“.

– Треба да ги почитуваме мислењата на другите луѓе. Мислам дека Лео е најдобар во светот. Неговата амбиција и карактер ги гледам како кај победник секој ден. Ова не е играч на кој му е тешко да покаже лидерски квалитети, ова е вистински капитен. Секоја недела разговарам со него што се случува на теренот и во соблекувалната за да се одржат добрите односи. Не се согласувам со него (Сетиен), но го почитувам неговото искуство, додаде Куман. (МИА)