четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ученици блокираа училиште во Париз поради Ковид мерки, интервенираше полицијатаu, intervenisala policija

Ученици блокираа училиште во Париз поради Ковид мерки, интервенираше полицијатаu, intervenisala policija

Полицијата во Париз употреби бибер спреј за да ги растера учениците кои денеска го блокираа средното училиште „Колбер“ во главниот град, во знак на протест против мерките за заштита од Ковид-19.

Десетици ученици утрово користеа корпи за отпадоци, метални решетки и колички од супермаркет за да го блокираат пристапот до средното училиште „Колбер“ во центарот на Париз и закачија транспарент на кој пишуваше „На штрајк“.

– Нашите одделенија се преполни, а учениците седат едни покрај други. Тие се обидоа да ги прераспределат масите, но тоа не менува ништо затоа што и натаму сме 30 во одделението, рече Жан, ученик во училиштето.

Учениците бараат нивниот број да се преполови.

Претставниците на училиштето рекоа дека училиштето попладнево е повторно отворено.

Како што објавија француските медиуми, слични протести беа организирани и во неколку други париски училишта. (МИА)