недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден води во Мичиген и Висконсин, Трамп во Пенсилванија

Бајден води во Мичиген и Висконсин, Трамп во Пенсилванија

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден го презеде водството во државите Мичиген и Висконсин, а републиканецот, сегашен претседател Доналд Трамп, води во Пенсилванија, објави Си-Ен-Ен.

Претседателските избори во САД се покажаа понеизвесни отколку што се очекуваше, а три држави, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, би можеле да бидат клучни во одлучувањето дали Трамп или Бајден ќе победат на изборите.

Откако беа преброени мнозинството гласови во Висконсин и Милвоки, Бајден има мала предност, но се уште е рано за проценка на конечните резултати.

Си-Ен-Ен објави дека е најнеизвесно во девет сојузни држави каде сè уште не е познато кој ќе ги добие гласовите на електоратот.

Станува збор за Аљаска, Аризона, Џорџија, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Според американските медиуми, Бајден досега има освоено 224, а Трамп 213 изборни гласови.

За да се победи на изборите, потребно е да се освојат 270 од 538 изборни гласови.

Четири држави – Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија оставија десетици илјади гласови настрана, забавувајќи ја трката за Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен.

Изборната комисија во некои земји одлучи да престане да го прекине броењето и да продолжи со работа во среда, односно од 16.часот по средноевропско време.

Некои окрузи во Пенсилванија дури и не започнаа да ги класифицираат гласовите што пристигнаа по пошта, па затоа ќе го сторат тоа во текот на денот.

Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако Изборната комисија не ги преброи сите гласови. (МИА)