понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

АЛАРМАНТНА БРОЈКА: Во Србија повторно над 2.000 новозаразени само за едно деноноќие

АЛАРМАНТНА БРОЈКА: Во Србија повторно над 2.000 новозаразени само за едно деноноќие

Во Србија во последните 24 часа се забележани нови 2.181 случаи на коронавирус, а починале 11 лица. Тестирани биле 12.480 лица.

На респиратор во моментов се наоѓаат 57 пациенти.

Србија во последните два дена бележи над 2.000 заразени, а најкритично е во Белград и во Ваљево.

Капацитетите на болниците се полнат, а вчера министерот за здравство Златибор Лончар потенцираше дека за еден ден биле хоспитализирани дури 400 пациенти.