СВР Скопје- Единица за насилен криминал го лиши од слобода К.Л. (24) од Скопје и го расчисти кривично правниот настан од 2.11.2020, кога беше пукано кон куќата на А.К.
По добиената пријава, веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од страна на полициски службеници од СВР Скопје е приведен К.Л., а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.
Против К.Л. е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена.