сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради вооружен напад одложена посетата на инспекторите на ОПЦВ на Дума

Поради вооружен напад одложена посетата на инспекторите на ОПЦВ на Дума

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Ахмет Узумџу денеска изјави дека вчера било пукано врз екипата за безбедност на Обединети нации, која е задолжена за првична проверка во сирискиот град Дума.

Поради инцидентот, инспекторите на ОПЦВ ја одложија посетата на Дума, каде наводно беше извршен напад со хемиско оружје.

Инспектори на ОПЦВ во Дума треба да испитаат дали во Дума имало напад со хемиско оружје на почетокот од април.

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека инспектори на ОПЦВ вчера влегле во Дума, додека сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар ал Џафари изјави дека во градот влегол само еден член од екипата за безбедност, а не и инспекторите.

МИА