недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Откриена кражба на вода за пиење во кавадаречко

Откриена кражба на вода за пиење во кавадаречко

Утврдено е оштетување на инсталацијата со која стопанисува претпријатието, а со самото тоа кражба и ненаменска потрошувачка на санитарна вода за пиење.

При редовна теренска контрола од страна на овластени лица на ЈП „Комуналец” Кавадарци, утврдено е оштетување на инсталацијата со која стопанисува претпријатието, а со самото тоа кражба и ненаменска потрошувачка на санитарна вода за пиење од резервоарот на потегот меѓу селата Бојанчиште и Куманичево.

За ова попладнево информираа од комуналното претпријатие.

– За откривање и санкционирање на сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи. Воедно апелираме на максимално совесно и одговорно однесување кон инсталацијата која до секој од нас го носи најважниот природен ресурс – водата, како истата би се одржала во исправна состојба и доволна количина за сите потрошувачи, нагласија од „Комуналец”. /МИА