петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец во разбојнички поход: Неуспешна кражба го однесе во рацете на полицијата

Скопјанец во разбојнички поход: Неуспешна кражба го однесе во рацете на полицијата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и по едно кривично дело „одземање моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.

На 10.10.2023 во скопското село Брњарци, во домот на Д.С., пријавениот со закана од Д.С. одзел мобилен телефон. Следниот ден,  на улица „Сава Михајлов“ во Скопје, со употреба на сила на Д.В. ѝ одзел мобилен телефон, по што на улица „11“ одзел патничко возило „фолксваген голф“, кое не било заклучено, а клучот бил во бравата.

Истиот ден, 11.10.2023 на улица „1632“  влегол во објект на фирма, но не одзел ништо. Со ваквите дејствија, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 91.000 денари.