петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски до Заев: Срам да ти е, ја донесе Македонија во ситуација да биде уценувана од Бугарија

Трипуновски до Заев: Срам да ти е, ја донесе Македонија во ситуација да биде уценувана од Бугарија

Зоран Заев срам да ти е! Ја донесе Македонија во ситуација да биде уценувана од Бугарија. Никогаш до сега не сме имале проблем со Бугарија за прашањата кои ти ги отвораш, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никој во Бугарија никогаш не се ни надевал дека македонско лидерство ќе преговара за Делчев и македонскиот јазик, ти им ги оствари и најлудите соништа. Ова вето е само почеток на националното понижување. Ја понижи Македонија. И ги наруши позициите. Ја деградираше и државата и народот.
Оставка веднаш!, пишува тој.

Најнови вести