петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните гневни: Владата не излажа се уште нема пари од „Викенд без ДДВ“

Граѓаните гневни: Владата не излажа се уште нема пари од „Викенд без ДДВ“

На лагите на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев им нема крај. Граѓаните овојпат се излажани за мерките „Викенд без ДДВ“ и „Мој ДДВ “.

Долго најавуваната мерка „Викенд без ДДВ“ никако да се реализира од страна на надлежните. Оваа мерка се однесуваше за периодот од 9-ти до 11-ти октомври односно прометот кој граѓаните го направија во овој период за домашни производи, услуги и комјутери или ИТ-уреди требаше да го добијат целосниот поврат на платениот ДДВ. Според првичните најави на власта исплатата на средствата од оваа мерка требаше да се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметка. Но, поминаа 30-тина дена, а Владата сеуште нема ништо исплатено.

-За време на викендот од 9-ти до 11-ти октомври скенирав сметки за кои поврат на ДДВ добив околу 300 денари. Иако помина периодот од две недели сеуште немам добиено ништо на мојата трансакциска сметка,а според најавите од власта до сега требаше да ни бидат исплатени тие средства, вели граѓанин кој скенирал сметки за овој период.

Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот„Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.

– Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Незадоволство кај граѓаните се појави и за мерката „Мој ДДВ“. Станува збор за тримесечно скенирање на фискални сметки односно за месеците јули, август и септември. За едно тромесечје граѓаните може да добијат најмногу поврат на ДДВ од 1800 денари. Парите се исплаќаа еден месец подоцна откако ќе заврши тромесечјето.

-Ја имам инсталирано апликацијата„Мој ДДВ“ и скенирам фискални сметки.Мислам дека за ова тромесечје имав поврат на ДДВ од 800 денари. Но, сеуште од страна на Управата за јавни приходи немат направено исплата. Исплатата се правеше во првите десетина дена од месецот, ни раскажа граѓанин кој скенира сметки.

Поради ова кај граѓаните се појавија реакции зошто сеуште не е направена никаква исплата во врска со овие мерки. Имено надлежни укажуваа дека проблем е тоа што не е изгласан ребалансот на буџетот за 2020 година и дека штом се изгласа ребалансот на буџетот веднаш на граѓаните ќе им биде исплатени средствата.Но, за потсетување Ребалансот за буџетот беше на дневен ред минатата недела во Собранието и иститот беше изгласан.И покрај тоа што е изгласан ребалнсот на буџетот, сеуште не се иплатени никакви средствата од овие мерки.