среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Истрага за едно лице за сторено кривично дело криумчарење мигранти

Истрага за едно лице за сторено кривично дело криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет и четиригодишен жител на Арачиново. Лицето е осомничено дека како соизвршител сторило кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот заедно со непознато лице, по претходен договор, во патничко моторно возило марка „Опел-Зафира“, во доцните ноќни часови, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле на територијата на нашата држава. Петмина од мигрантите биле малолетни лица од четиринаесет и петнаесет години. Откако ги сместиле во возилото, осомничениот и непознатото лице кое го управувало возилото, по регионалниот пат ПЕ 1102, се упатиле кон границата со Р.Србија.

Во близина на фабриката „ХИФ“ – Велес, во правец Градско – Велес на светлосната сигнализација од полициските службеници не застанале​, туку со брзина поголема од 100 км на час продолжиле да се движат. На околу 300 метри оддалеченост одеднаш го сопреле возилото и осомничениот и НН лицето се дале во бегство. Полициските службеници во напуштеното возило ги пронашле мигрантите, а по извршената претрага на теренот бил пронајден и лишен од слобода и осомничениот.

На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со Решение на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​