петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Пред избори Марин и Шилегов ветуваа ајро, ајро, чист воздух за Аеродром, по избори дишат смрт, наместо воздух“

„Пред избори Марин и Шилегов ветуваа ајро, ајро, чист воздух за Аеродром, по избори дишат смрт, наместо воздух“

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје порачува: Пред избори Марин и Шилегов ветуваа ајро, ајро, чист воздух за Аеродром, по избори дишат смрт, наместо воздух.

Во продолжение следува интегрален текст  од нивното соопштение:

„Зимата уште не дојдена, Аеродром се гуши. Секоја вечер нивото на загаденост на воздухот е 4 – 5 пати над дозволеното, ова се податоци кои ги покажува мерната станица во Лисиче. Златко Марин и Петре Шилегов кои дојдоа на власта, јавајќи на бранот дека ќе го намалат загадувањето на воздухот и ќе го подобрат неговиот квалитет, три години ништо не направија.

Нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни објекти во ниту една општина на територија на град Скопје, како што првично беше ветувано, нема ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

Ситуацијата ја влошуваат дивите депонии, кои ги има на секаде, а за кои градот, иако признава дека се проблем, ништо не прави за да ги дислоцира. Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци.

Шилегов и Марин стоеја позади Заев кога тој ветуваше чист воздух за Аеродром, викаше на цел глас, ајро, ајро, чист воздух за Аеродром. А сега наместо чист воздух аеродромци дишат смрт. Затоа потребна е одговорност“.