вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грчки министер оди во карантин

Грчки министер оди во карантин

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас од денеска е во превентивен карантин, по средба со лице кое беше потврдено дека е позитивно на коронавирусот, соопштија попладнево од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Според дел од грчките медиуми, станува збор за амбасадорот на Грција во Анкара, кој е позитивен на Ковид-19.

Попладнево Дендиас требаше да се сретне со неговиот египетски колега Самех Шукри, меѓутоа средбата e откажана. (МИА)