вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Целиот тим на Хофенхајм е во изолација

Целиот тим на Хофенхајм е во изолација

Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм денеска го стави целиот тим во изолација, бидејќи се појавија три нови случаи на заразени со новиот коронавирус. Заразени се Себастијан Руди и Ишак Белфодил, како и уште еден член на стручниот штаб.

Тестирањето на уште едно лице ќе се повтори, чиј резултат беше нејасен.

Претходно, Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур беа позитивни откако се приклучија на репрезентациите на Данска и Израел. Исто така, минатата недела во Хофенхајм имаше два позитивни случаи, еден фудбалер и еден член на стручниот штаб.

Хофенхајм е во групата со Црвена звезда во Лигата на Европа, а натпреварот помеѓу германскиот и српскиот клуб ќе се игра на 3 декември во Белград. Претходно, германскиот клуб ќе се соочи со Штутгарт, Слован Либерец и Мајнц. (МИА)