петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

По карантинот, во Грција се воведува и полициски час

По карантинот, во Грција се воведува и полициски час

Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе четири дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција, попладнево соопшти дека дозволено ќе биде излегување само поради работни обврски, од итни здравствени причини и за прошетка на домашно милениче, а за секоја од овие причини, потребна е соодветна потврда (за работа) или испратена смс порака.

Хардаљас објасни дека одлуката доаѓа откако било констатирано дека има непотребна раздвиженост на граѓаните. (МИА)