вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 348 возачи во Скопје: МВР продолжува со засилените контроли, Спасовски и Заев со празнење на џебовите на граѓаните

Казнети 348 возачи во Скопје: МВР продолжува со засилените контроли, Спасовски и Заев со празнење на џебовите на граѓаните

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 51, 38 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 85 мерки за непрописно паркирани возила и 23 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираа од МВР.

Најнови вести