недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕТА ќе се самораспушти во мај

ЕТА ќе се самораспушти во мај

Баскиската екстремистичка организација ЕТА на почетокот на следниот месец ќе објави конечно распуштање, јави телевизијата ЕТБ.

Во текот на речиси 50 години сепаратистичка кампања, ЕТА е одговорна за убиството на над 850 лица во обид да создаде баскиска држава во северна Шпанија и југозападна Франција. Во 2011 година таа објави примирје, а минатата година се разоружа.

Во февруари, локалниот весник „Гара” соопшти дека лидерите на ЕТА ќе побараат од нивните членови да гласаат дали организацијата целосно да се распушти  во наредните месеци.

Според ЕТБ, организацијата ќе го објави своето распуштање за време на првиот викенд во мај.

МИА