Македонскиот фудбалски интернационалец и поранешен репрезентативец Адис Јаховиќ испрати порака со поддршка за своите некогашни соиграчи од националниот тим.
Иако е добро познато дека Јаховиќ има низа несогласувања со луѓето околу репрезентацијата, особено со селекторот Игор Ангеловски, за кого често знае да упати и некоја „специјална“ порака, тој денеска не ги заборави своите соиграчи со кои ја делеше соблекувалната до пред три години.
Јаховиќ им порача на Пандев, Џани, Рики, Елиф, Висар, Николов и останатите да одиграат за накедонскиот народ и за Македонија и да го направат народот горд со најголемиот успех во историјата и пласман на Европско првенство.