недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанка ќе одговара за „проневера во службата“

Охриѓанка ќе одговара за „проневера во службата“

СВР Охрид поднесе кривича пријава против З.Ц.(40) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во период од 07.02.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице во угостителски објект во склоп на локалитетот Музеј на вода – Градиште во Охрид, пријавената дел од прометот не го прикажувала во сметководство и финансии и не го внела на сметката од работодавачот, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба во износ од 65.730 денари, за кој износ се стекнала со противправна имотна корист за себе, на сметка на НУ„Завод за заштита на споменици на културата и Музеј – Охрид“.