сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Гостивар: Малолетник ја пронашол мајка си почината

Трагедија во Гостивар: Малолетник ја пронашол мајка си почината

Седумнаесетгодишник од Гостивар вчера околу 21 часот, во СВР Тетово пријавил дека во кујната од куќата во која живееле под закуп на улица „ЈНА“ во Гостивар, без знаци на живот ја пронашол неговата мајка Х.И.(45), информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Повикана е Брза помош, Х.И. била пренесена во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде била констатирана смрт.

-Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, a по наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додава Јосифоски.