Добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот.
Денеска е 13 ноември, ден кога Скопје го слави ослободувањето од Фашистичкиот окупатор! Денешниот 13 ноември Скопје е повторно заробено во смог и магла полни со отрови и вируси. Скопје е рекордер во светот во отровни гасови и смртоносен вирус, изјави денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Четврта зима скопјани нема да имаат воздух, нема да имаат АјроАјро, како што гласеа лагите на власта.
Загаденоста руши рекорди, а Скопје е на врвот на листата градови со загаден воздух во светот, со ниво на канцерогени ПМ10 честички и до 7 пати над дозволеното. За тоа придонесува и лично градоначалникот Петре Шилегов, со редуцирање на Јавниот превоз. ЈСП автобусите наместо да бидат главна алтернатива кон почист воздух со помалку автомобили, Шилегов и ЈСП го редуцираа возниот ред, за што повеќе возила на улиците, и поголема емисија на штетни гасови. Во ретките автобуси е невиден метеж! ЈСП е потенцијално жариште на КОВИД вирусот. Наместо да го зголеми бројот на линиите, и да се намали гужвата, Шилегов го намалува. Само во главата на Шилегов преполните автобуси на ЈСП не се можен кластер на КОВИД, вели тој.
– Во Скопје има лажен мораториум за градба, камиони и камиони тешки градежни машини минуваат низ Скопје создавајќи метеж и дополнително загадување. Скопје денес е град во кој што хронично болните се фрлаат во ризик. Во услови на загаденост и корона епидемија не се ослободуваат од работа, заради Комисијата на Венко Филипче. Филипче не го интересираат полните автобуси, не го интересира загадениот воздух во Скопје, Филипче не го интересира густиот смог преполн со Корона вирус. За Филипче не е важно тоа што хронично болните се “дават” во смогот на Шилегов. За Филипче не е важно што хронично болните се туркаат во автобусите на Шилегов. Филипче исто како и Шилегов нема план и не знае што е тоа одговорност. На двајцата им е важно шефот да им е среќен, посочи Стоилковски.
– Скопје со Филипче и Шилегов денес на овој 13 Ноември е град каде што болниците немаат кревети за болните од ковид. Граѓани со денови чекаат за закажување за тестирање и за добивање на резултати на корона вирусот, додека функционери од власта со врски и преку ред се тестираат. Денес најјповиканите во Скопје и во државата не работат ништо и со својата неспособност уште толку ја влошуваат целата ситуација. Скопје се дави во загадениот воздух и во вирус, а тоа ќе биде проблем во наредните месеци, не само за хронично болните туку и за сите заради КОВИД пандемијата. Одговорноста за тоа лежи кај Шилегов и кај Филипче. Ќе повторам, добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот, дециден е тој.