Македонските фудбалери знаеја како да ја прослават историската победа над Грузија и пласманот на ЕП.
Со песни, ора, скандирање, веење знамиња, нашите фудбалери се радуваа на теренот во Тбилиси по големиот триумф.
Меѓу сите фудбалери, најкарактеристична беше прославата на еден од нив, и тоа во соблекувалната.
Со знамето прекриено над неговата глава, Елиф Елмас прославуваше пласман на ЕП.