Наместо дома за полициски час, на викенд за шопинг и на гости кај роднини во Македонија. Заострените мерки во соседството ја зголеми фреквенцијата на возила на граничниот премин Блаце.
Во Приштина и општините со голем број заразени од корона вирус, на сила е полициски час. Трговските центри, угостителските објекти и продавниците со скратено работно време. Голем дел косовски државјани, решија викендот да го поминат во Македонија, јавува Алфа телевизија.
Гостите од Косово велат дека не бегаат од полицискиот час, туку го користат викендот за прошетка и пазарење.
За разлика од Македонија, мерката полициски час ја воведоа речиси сите соседи на државава. Освен Косово, полициски час има во Грција, Црна Гора. Здравствените власти кај нас засега не преземаат поригорозни мерки. Дали воопшто ќе има нови мерки, ќе се расправа во понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека за нови мерки ќе се разговара откако ќе се сумираат ефектите од досегашните мерки
Во Црна Гора полицискиот час трае од 21 до 5 изутрината, забрана за движење имаат сите граѓани надвор од општините, од петок на полноќ до недела на полноќ, а работата на сите угостителски објекти е ограничена до 20 часот. И во Грција граѓаните имаат забрана за движење од 21 до 5 часот наутро, а градинките и училиштата привремено ќе бидат затворени од 16 до 30 ноември. Во Хрватска, членовите на Кризниот Штаб на комисија предложија масовно тестирање, според нив тоа бил најдобриот начин да се стави пандемијата под контрола. Словенија пак, две недели ќе биде во карантин и без јавен превоз. Се затвораат сите, освен прехрамбените производи, училиштата и градинките остануваат затворени.