сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин ја критикува идејата за клупска Суперлига

Чеферин ја критикува идејата за клупска Суперлига

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на создавање сопствен турнир од страна на европските врвни клубови.

Мислам дека Суперлигата сега не доаѓа предвид. Постојат неколку менаџери кои живеат според оваа идеја за своја корист, и ова ќе оди на штета на целиот европски фудбал. Само што сè уште никој не го разбира. Ова е популизам. Во екстремен случај – политика, не би ја сфатил сериозно, вели Чеферин за „Марка“.
Претходно беше објавено дека повеќе од 10 клубови од најдобрите пет европски шампионати (Шпанија, Германија, Англија, Италија и Франција), водат преговори за создавање на европска Премиер лига.

Организаторите сакаат да го започнат турнирот во 2022 година со поддршка на ФИФА, се очекува на него да учествуваат 16-18 екипи, а американската банка „ЈП Морган“ е подготвена да вложи околу шест милијарди долари во лигата.