Зоран Заев и СДСМ направија пустош со акумулациите ширум Република Македонија. Ова зад нас е Мавровското езеро, но фактичката состојба повеќе наликува на бара, отколку на езеро, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Нивото на водата во последните неколку месеци е драстично опаднато, и во моментов Мавровското езеро се наоѓа на 22 метри под максималната кота и е на само 4 метри од минималната кота. Ова е вистинска катастрофа.
Пресушеното езеро е резултат на прекумерното и расипничко располагање со водата за производство на струја. Владата и раководството на АД ЕЛЕМ за да покаже дека нешто сработиле прекумерно произведуваше струја од хидроакумулациите и со тоа го доведе под знак прашање опстанокот на езерата во Република Македонија.
Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не зема во обзир дека Мавровското езеро е езеро и за рекреативни цели и истото привлекува голем број на туристи, како во зимскиот, така и во летниот период. Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не земаа ни во предвид дека со наглото празнење на хидроакумулациите се доведува под знак прашање и целиот биодиверзитет, вели тој.
– Трката за брз профит и желба да покажат наводен успех во производството на струја, сега резултира со пресушени езера, но и поскап увоз на електрична енергија. Пред нас е зимски период, потрошувачката на струја ќе се зголеми, а со тоа и увозот, така да владата не само што не решила ниту еден проблем, туку создала два нови.Кога Зоран Заев е премиер епилогот е пустош, посочи Трипуновски.