среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев не сака лидерска со Мицкоски бидејќи ќе му се налутела Бугарија – Зошто Мицкоски е непријатен соговорник за Борисов?

Заев не сака лидерска со Мицкоски бидејќи ќе му се налутела Бугарија – Зошто Мицкоски е непријатен соговорник за Борисов?

Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го ставале во ризична состојба и затоа смета дека нема потреба од лидерска средба.

Според Заев, средбата со Мицкоски ќе придонесе за караница со Бугарија, а тоа, според него во моментов не е потребно.

-Неразумноста, да се покажува националистички мускули, тоа не става во ризична состојба да разговарам со такви личности“. Не ми треба Мицкоски да се скарам со Бугарија, можам да се скарам сам. Ако го повикам, ќе се скарам, изјави Заев.

За потсетување во понеделникот, Мицкоски од пред Владата ги пренесе ставовите на Коалицијата „За Обнова на Македонија“ по одржаниот состанок.

донесе заклучок и ги усвои следниве ставови:

1. Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!

2. За коалицијата – македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.

3. Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.

4. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.

5. Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.

Мицкоски во име на Коалицијата ја предупреди актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој процес и изградба на национален консензус за ова прашање

Најнови вести