Поранешниот потпретседател на Милан, Адријано Галијани го нарече судијата Мајкл Оливер идиот поради пеналот кој го досуди за Реал Мадрид против Јувентус.
-Јуве заслужи да го победи Реал. Пеналот е дискутабилен, а црвениот картон за Буфон е смешен. Судијата покажа дека не ја разбира фудбалската психологија. Да заклучиме, судијата е идиот, рече Галијани за италијанските медиуми.
Посочи дека во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе навива за Рома против Ливерпул.
-Ќе го гледам натпреварот и ќе навивам за Рома. Можете да замислите колку го сакам Ливерпул по финалето на ЛШ во Истанбул. Не спиев три месеци. Тоа никогаш не му случило на еден тим, рече Галијани.