сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Хотели не добиле помош поради отпуштени сезонци

Хотели не добиле помош поради отпуштени сезонци

Поголемиот дел од хотелиерите во Струга и Охрид без ветената државна помош во минимални плати за вработените во нивните капацитети, како дел од четвртиот сет мерки. Ова доаѓа откако од страна на надлежните им било одговорено дека ако сакаат да добијат помош, тогаш ќе треба да ги вратат повторно на работа сезонските работници кои хотелиерите ги вработиле само за време на туристичката сезона. Од Хотелската асоцијација велат дека бројот на вработени сезонци бил само 10% од вкупниот број на вработени, пренесува Алсат.мк

„…Сега само заради нив не добиваме исплата за останатите над 100 вработени кои ги чуваме преку цела година. За месец ноември и декември, како што гледаме како би добиле поддршка, треба да ги вратиме сезонците, а ние ги затвораме хотелите. Нема логика“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Целиот текст може да го прочитате на Алсат.мк