На граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ ноќеска е лишен од слобода Б.Н. (30) од Република Србија, откако при пасошка контрола и проверка било утврдено дека го има во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол.
Како што соопшти МВР, Б.Н. е уапсен во 01:40 часот и е предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за натамошна постапка.