среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

РЕЧИСИ НИКОЈ НЕМА МАСКА: Верниците го бакнуваат ковчегот на патријархот Иринеј (ВИДЕО)

РЕЧИСИ НИКОЈ НЕМА МАСКА: Верниците го бакнуваат ковчегот на патријархот Иринеј (ВИДЕО)

Светиот архијерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека за време на молитвеното испраќање на патријархот Иринеј, што се одржа во Соборниот храм Свети архангел Михаил и во Спомен-црквата Свети Сава, СПЦ строго ќе се придржува до мерките пропишани од надлежните државни органи.

Сепак, фотографиите и снимките на верниците во Соборната црква во Белград, како што пренесува српска Нова, покажуваат дека ретко кој од граѓаните има маска, дека нема растојание меѓу луѓето и дека се бакнуваат крстот и покровот над покојниот патријарх Иринеј.

Во Србија вчера беа регистрирани нови 6.254 случаи на коронавирусот во Србија, а починаа 30 лица.

Членови на кризниот штаб во Србија веќе неколку дена разговараат дека епидемиолошките мерки треба да се заострат, а здравствените капацитети на болниците во Србија се загрозени, пренесува Нова.