И денес немаше никакво известување за активностите на опозицијата на телевизијата со национална концесија Телма, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Цензурата на Телма и мракот кој Заев го прави за опозициските активности продолжува што укажува дека Владата на Заев се брани не со аргументи туку со тоа што реши да ја замолкне опозицијата. Уредништвото на Телма треба да знае дека освен бизнис интереси на компанијата која ги поседува постои и јавен интерес кој телевизијата треба да го застапува, а тој налага избалансирано преставување. Дека телевизијата известува неизбалансирано во корист на владата со целосно игнорирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ потврдува и извештајот на АВМУ каде се констатира таквата цензура, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека цензорот Заев во заложништво ги држи дел од медиумите уценувајќи ги со бизнис и политички интереси. Таквиот мрак треба да ја сокрие катастрофата во здравството и економијата. Ги охрабруваме новинарите да ја штитат слободата и својата независност.