среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос на натпревар во Турција: Навивачи му ја расцепија главата на тренерот на Бешикташ (ВИДЕО)

Хаос на натпревар во Турција: Навивачи му ја расцепија главата на тренерот на Бешикташ (ВИДЕО)

Натпреварот во полуфиналето на Купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ предизвика немили сцени на теренот и на трибините.

По десетина минути игра во второто полувреме дојде до прекин на мечот, поради навивачите на Фенербахче, кои постојано ги гаѓаа со предмети играчите на Бешикташ, а на почетокот на второто полувреме во глава беше погоден тренерот на гостите.

Резервниот голман Толга Зенгин бурно реагираше и тргна на трибините да се пресмета со навивачите, по што од трибините почнаа да летаат секакви предмети кон теренот.