четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цензура и мрак на Телма: АВМУ нотира проблеми, ВМРО-ДПМНЕ вината ја насочува кон Заев

Цензура и мрак на Телма: АВМУ нотира проблеми, ВМРО-ДПМНЕ вината ја насочува кон Заев

Цензурата на Телма и мракот кој Заев го прави за опозициските активности продолжува што укажува дека Владата на Заев се брани не со аргументи туку со тоа што реши да ја замолкне опозицијата. Уредништвото на Телма треба да знае дека освен бизнис интереси на компанијата која ги поседува постои и јавен интерес кој телевизијата треба да го застапува, а тој налага избалансирано преставување. Дека телевизијата известува неизбалансирано во корист на владата со целосно игнорирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ потврдува и извештајот на АВМУ каде се констатира таквата цензура, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека цензорот Заев во заложништво ги држи дел од медиумите уценувајќи ги со бизнис и политички интереси. Таквиот мрак треба да ја сокрие катастрофата во здравството и економијата. Ги охрабруваме новинарите да ја штитат слободата и својата независност.

Во врска со јавно искажаните реакции дека во дневно-информативните изданија на националната телевизија ТВ Телма отсуствуваат информации за активностите и ставовите на најголемата опозициска партија за актуелни општествено-политички прашања, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека еден од основните програмски принципи на кои се темелат програмите на радиодифузерите е објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.

-Медиумите се самостојни и независни при креирањето на уредувачката политика, но политичкиот плурализам е витален за развој и зачувување на демократските општества. Токму затоа медиумите мора да бидат свесни за својата улога и одговорност во креирањето на јавното мислење, односно обврската кон јавноста програмите да бидат отворени за различни политички гледишта, стои во нивната реакција до јавноста.

Телма покажа брутална цензура, промовирајќи само ставови на власта, а ставајќи ја опозицијата на “црна листа“. Уредништвото на телевизијата јавно ги застапува интересите на Заев кој цели кон медиумски мрак.

Најнови вести