Новинарите на „Дејли стар“ опасно се посрамотија со насловната страница по смртта на Диего Армандо Марадона, а главниот текст со наслов „Каде беше ВАР-системот кога најмногу требаше“ со алузија на голот на Аргентинецот со рака против Англија наиде на остри критики, пишува Спортманија.
Англискиот хумор е специфичен, но овојпат испадна невкусен, се најчестите коментари на социјалните мрежи.
Марадона почина вчера на 60-годишна возраст од срцев удар по операцијата на мозокот, а голот што го постигна со рака на Мундијалот во 1986 година стана култен и еден од најспомнуваните моменти во историјата на фудбалот.
Англичаните не му простија и по 34 години минати од голот со рака, што веднаш беше именуван како „Божјата рака на Марадона“.
English Media at it again. The Daily Star decides to make a VAR joke instead of paying tribute to one of the greatest footballers of all time on their front-page.
Sickening and disgusting. pic.twitter.com/WchSmQzpH2
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) November 25, 2020