На денешниот протест народот сплотено бара оставка од премиерот Зоран Заев.
По неговите последни изјави, јавното тргување со македонската историја, обезличување на се што е македонско, граѓаните му порачуваат дека треба да си оди.
НЕ ЗА НОВОТО ПРЕДАВСТВО. Ова е една од пораките кои му ја испратија граѓаните. Тие со скандирање бараат оставка од Заев.
Големиот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ се одржа под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“!