петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонската жица изгубена, црвените линии се кинат: Како Заев се откажува од македонските историја и јазик?

Македонската жица изгубена, црвените линии се кинат: Како Заев се откажува од македонските историја и јазик?

Македонската жица ја искина, црвените линии ги избриша, од премиер стана трговец. Трговец со сé што е македонско, со сé што е најголемо богатство на македонскиот народ.

„Како Господ Ве молам…НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“. Се сеќавате на оваа негова изјава која ќе ја помниме како една од најголемите лаги и манипулации од негова страна?

Очигледно откако Заев го смени уставното име на Република Македонија, сам си ја скина жицата и сега тој е изгубен во времето и го бара семето одејќи по жица.

Го правеше народот слеп и глув додека се пазареше со македонското уставно име. Го промени без око да му трепне.

Сега Заев има доблест, замислете, да го убедува македонскиот народ дека не тргува со македонскиот јазик и со македонската историја. Дома насмеан, умерен во изјавите криејќи ја вистината за тоа што става на маса кога се пазари во Бугарија. Во бугарско интервју-разобличен. Без трошка срам плука по македонската историја и прави “пиши-бриши“ како ќе му текне, како да ја наследил од своите предци и како да е само негова.

Гневот кај народот се разбуди. Последното негово интервју за БГНЕС беше голем удар за македонските граѓани. Само еден во низата удари зададени од овој политичар.

Ја “сподели“ со Бугарија и македонската историја и македонскиот јазик.

-Ние немаме споделена историја, ние немаме вкрстена историја, ние имаме заедничка историја. И таа е заедничка. И од таа историја, од неа се создале и македонскиот јазик и бугарскиот јазик. И Бугарија тоа го признава. Прашањето е како да бидеме мудри да ги решиме низ историските комисии, ама и ние политичарите да помогнеме тие историски заеднички моменти, да ги цитирам онака како што ги испишала историјата и да ги искористиме да ни бидат нишка за поврзување, вели Заев.

Се откажа и од Гоце Делчев, па го прогласи за револуционер кој се борел и за Бугарија.

На прашањето дека македонската држава е подготвена да ги отвори тие страници и народот во Македонија да разбере што се случувало, Заев со одговор:

-Ние веќе, мислам дека има преку 20-тина табли во државата сменето каде што стои „бугарски фашистички окупатор“. Тоа не е така! Бугарија не е фашизам. Бугарија е нашиот пријател. Имало некогаш, некоја администрација, во тој момент на почетокот. После тоа Бугарија се крева заедно со антифашизмот, се бори за слободата, за демократијата и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии, еве знаеме, Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје и во целиот овој дел, вели Зае во бугарското интервју.

И на сето ова, Заев убедува дека уште течат преговори и дека надеж има. Па со што уште ќе се пазари премиерот кој се откажува од се македонско, да им се додоворува на “добрите соседи“, како и што го крстија договорот?!

Најнови вести