четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Откриена нелегална обложувалница во Врапчиште

Откриена нелегална обложувалница во Врапчиште

Полициски службеници при акциска контрола во селото Врапчиште, синоќа откриле обложувалница која работела нелегално.

Според СВР Тетово, полицајци од станицата од Гостивар, вчера околу 21 часот извршиле контрола во спортска обложувалница, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во објектот биле затекнати двајца тетовци Б.Џ. (21) и Б.Ф (24) како вработени.

– Во објектот без фирма, пронајдени и со потврда од Н.Е. (45) лице кое се пријавило како одговорно одземени се: пет телевизори, четири компјутери со куќишта и монитори, два печатачи еден читач, 10 билтени и 2.090 денари, вели порптпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во тек се активности за расчистување на сите поединости, по што против ќе следува и соодветен поднесок.