Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека амбасадорот на Србија во Подгорица, Владимир Божовиќ оправдано е протеран од Црна Гора.
Ѓукановиќ оцени дека дипломатските односи помеѓу Црна Гора и Србија се на ниво како и со другите држави.
Сметан дека амбасадорот на Србија ги исполни сите услови за ваков однос на Министерството за надворешни работи кон него, истакна Ѓукановиќ.
Српскиот амбасадор Божовиќ беше протеран поради неговата изјава за Подгоричкото собрание во 1918 година.