На 06.12.2020 во 11.50 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Р.К.(24) од Дебар, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.