петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борисов преговарал со Ципрас за Македонија “како за своја земја” (ВИДЕО)

Борисов преговарал со Ципрас за Македонија “како за своја земја” (ВИДЕО)

Човекот кој деновиве ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ бил дел од преговорите со Грција како претставник на нашата земја. Премиерот Заев во интервју за Телма открива дека Бугарскиот премиер Борисов бил вклучен во преговорите со грчкиот премиер Ципрас за спорот со името, пишува Еxpress.mk

Со признанието Заев отвара можност за поништување на Договорот од Преспа затоа што тој бил договорен од страни во спорот кои не ја претставувале и застапувале Република Македонија.

Борисов според сите јавно достапни документи нема добиено од ниту една институција овластувања да ја застапува Македонија во преговори со трети земји со што Заев во неколку точки го прекршил и уставот но и повеќе закони.

Посебна дилема е дали Борисов во преговорите ги застапувал интересите само на својата земја или и на Македонија.

Најнови вести