сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Наместо достоинствено да го испратат, се истепале: Инцидент на собирот во чест на Џеј (ВИДЕО)

Наместо достоинствено да го испратат, се истепале: Инцидент на собирот во чест на Џеј (ВИДЕО)

Џеј Рамадановски беше погребан вчера, а доцна синоќа негивите пријатели од Дорќол решија да му одадат почит на посебен начин. Неговата желба била кога ќе умре да го испратат со песна, па така и биднало. Колони луѓе се упатиле кон Дорќол, пред неговата милена пицерија каде се пуштале песни од легендата. И додека на многумина им лиеле солзи низ лицата, се случил и инцидент – момче физички нападнало девојка.

За среќа, насобраните успеале да ги разделат, па не дошло до тепачка. Но видеото брзо се појави на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека вакво однесување не му доликува никому, особено не на ваков настан.

Џеј почина на 6 декември во својот дом на Дорќол, како последица од срцев удар. Зад себе остави две ќерки – Марија и Ана, поранешната сопруга Нада и партнерката Андријана. Исто така, остави и големи хитови низ кои вечно ќе живее.